Македонија и Бугарија заедно ќе привлекуваат туристи во пограничните региони
Со заедничка понуда до поголема промоција и повеќе туристи. Прекуграничните региони од Македонија и Бугарија започнаа здружено да ги промовираат локаните производи и туристички места. Од шумски плодови во Банско, преку мед подготвен во Благоевград, костените во Петрич, до специјалитетите од пиперки во Струмица и смокви во Дојран, ова е само дел од богатата гастрономска понуда која се нуди преку проектот Прекуграничен забавен центар на еколошкото друштво Планетум од Струмица и Пирински туристички форум од Благоевград
,, Интересно е тоа што секој од регионите е заснован врз основа на препознатливоста на некои од растенијата и производите што ги има и со кои се прехарнува самиот регион. Целта е преку таквите форми самиот регион да се продаде како туристичка дестинација, а со тоа да се пофали со своите специјалитети и традиција.
Во рамки на проектот веќе е подготвена и веб платформа на три јазици која на туристите им нуди детални информации за избраните 10 мини дестинации во двете земји, но и за кулинарските викенди кои ќе се реализираат од септември. Програмата предвидува домакините на проектот да ги запознаат посетителите со нивните спецфични локални производи, историја и важноста за локалните заедници.
,, Преку платформата со избор на еден или два кулинарски викенди добиваат програма од три дена. Од петок до недела во регионот што ќе го посети туристот ќе може самиот да приготвува и да проба од локалните продукти. На пример во Струмица е пиперката, во Гевгелија е модриот патлиџан, во Дојран е смоквата.
Целиот проект се реализира преку ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Бугарија и чини околу 107 000 евра.
-

Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар
