Македонскиот фолклор триумфираше во Бразил: „Студио Фолклор“ прво кај публиката, трето кај жирито

Убави вести пристигнуваат од Бразил, каде што изминатите денови се одржуваше меѓународниот фолклорен фестивал во Нова Прата, кој важи за неофицијално светско првенство во фолклорни танци, а Македонија имаше свој претставник – „Студио Фолклор“.
Македонските фолклорни амбасадори постигнаа голем успех, освојувајќи две награди. Со повеќе од 45.000 гласови од целиот свет, „Студио Фолклор“ го освои првото место според гласовите на публиката.

За споредба, според информациите од македонскиот претставник, минатогодишниот победник во оваа категорија наградата ја освоил со околу 7.000 гласови.
Успехот беше заокружен и со признание од стручното жири. Македонија и „Студио Фолклор“ го освоија третото место во оценувањето на жирито на фестивалот.
Така, македонските играорци од Бразил се враќаат со две големи признанија – прво место од публиката и трето место од стручното жири, но и со бројни нови почитувачи на македонските ора, традиција и фолклор.
Ново на Сител
-

Мадрид: Промовирана книгата „Во срцето на Шпанија“ - Сведоштво за храброста на македонските доброволци
-

Мицкоски по Самитот: Се бориме да вратиме што беше продадено
-

Тема на денот со Саша Богдановиќ, претседател на Српска демократска лига
-

Мицкоски од Црна Гора: Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но поради вештачки причини не ги почнавме преговорите
-

Евроамбасадорот Рокас очекува заедничка иднина со ЕУ и инвестиции во одбраната
-

По бегството во Бугарија, Ива Михаилова ќе се суди во отсуство
-

Бабата и дедото на судијата Ристов му давале пари за стан
-

ОБСЕ: Функционерите најчесто се спасуваат во судот
