Македонските фудбалери гостуваат на Шкотска во дуел од Лигата на нациите

Македонската фудбалска репрезентација во Глазгов ја очекува дуелот со Шкотска во рамки на Лигата на нациите.
Ова за нашата репрезентација е петти натпревар во рамки на групата од сегментот Б.
На претходните четири натпревари македонскиот тим претрпе четири порази, а не успеа да постигне ниту гол.
Во таборот на нашата репрезентација очекуваат позитивен резултат во дуелот со фаворитот Шкотска, која пред еден месец победи во Скопје со 2:0.
- Кога го носиме дресот на Македонија, мислам дека не треба да бараме посебна мотивација, затоа што самото тоа што сме во А-репрезентацијата ја носи мотивацијата. Играме против голема Шкотска, која има квалитетни играчи, но и ние имаме свои имиња кои се во многу добра форма. Ќе излеземе на теренот да дадеме се од себе и да уживаме. За мене, во дваесет дена ми се смени целиот живот и ова е нешто ново. Гледам кога ќе излезам на теренот да уживам. Играв против многу големи играчи и големи репрезентации, немам притисок и гледам да уживам во моментот, изјави репрезентативецот Матеј Гаштаров.
Натпреварот се игра на „Хампден парк“ во Глазгов со почеток во 20:45 часот по македонско време, а во исто време играат Словенија и Швајцарија од нашата група.
Швајцарија е прва со 12 бода, пред Словенија со 7, Шкотска има 4, а македонската репрезентација е последна без бод.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Спасе Јанев, директор на Здравствен дом „Железничар“
-

Насилникот нема да смее да се врати дома 48 часа – ако ја прекрши забраната, следува кривична пријава
-

Потребно е поголемо охрабрување на жените од руралните средини да го пријавуваат насилството
-

Мицкоски: Реформската агенда и клучните законски решенија ќе бидат заокружени до декември
-

Охрабрувачки бројки за премиерот, разочарувачки за опозицијата
-

Политичките партии бараат одговорност за Алта банка
-

На Светскиот ден на дијабетесот пациентите бараат сензори за сите лица со Тип 1 и превенција од компликации
-

Поради ниската откупна цена на пченицата драстично намалување на површините за есенската сеидба
