Македонските ракометари со предност од четири голови разлика на полувреме против Романците

Македонската ракометна репрезентација има водство од 13-9 против Романија во завршниот натпревар од групата Б на Европското првенство што вечерва се игра во Хернинг.
Македонските ракометари фуриозно го отворија натпреварот со ефикасен напад и гранитна одбрана.
По воведните 3-0 во 5. минута, голот на Костески минута подоцна беше поништен поради престап, а во следниот напад Велкоски на реализираше во ситуација „еден на еден“ со романскиот голман.
Сепак, капитенот Кузмановски беше прецизен за почетни највисоки 4-0 пред Романците да го постигнат својот прв гол на натпреварот преку Станчук од пенал во 11 минута.
На средина на полувремето, предноста на Македонците изнесуваше 6-3, а со идентична предност (10-7), натпреварот влезе во завршни пет минути од полувремето.
Потоа, Ѓоргиев изнуди исклучување и седмерец кој Кузмановски го реализираше за плус четири разлика, а Пешевски во 28 минута беше прецизен за највисоки +5 (12-7).
Романците одговорија со серија од 2-0, но Костески по „цепелин“ со Џонов беше прецизен во завршниот напад за предност на полувремето од четири голови разлика.
МИА
Ново на Сител
-

Туристичките водичи да ги прошируваат понудите
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Дарко Аврамовски - коалиција „Сите за правично судење“
-

Утре Брвеница бира нов градоначалник
-

Македонската Народна банка ги следи ризиците откако српската „АЛТА банка“ остана без дозвола за работа
-

Три случаи на морбили во Македонија - опасност од ширење на локално ниво
-

Охрид една од најбараните локации за купување станови
-

Собирен центар за текстилен отпад во Штип
