Бизнис
22. December 2022 - 16:43

Макпетрол нема да обезбедува гас од 1ви јануари - Има ли државата „бек ап“?

Ќе остане ли земјава без гас? Единствениот  снабдувач Макпетрол за помалку од 10 тина дена , односно од 1 јануари престанува со увоз и испорака на гас за потрошувачите. Причината , велат дека е прерано потпишаниот Договор за интерконекција помеѓу ГАМА и Булгартрансгас од Бугарија, според кој се наметнуваат нови услови за работи, кои, според Макпетрол , не се применливи.

Согласно потпишаниот договор во Софија,  потребно е да се формира овластено тело, кое ќе ги донесене подазаконските акти со кои ќе се  регулира работењето на пазарот на природен гас. Оператор на системот за пренос на гас, кој е должен да ги донесе подзаконските акти се уште нема, велат од  макпетрол.  Тој оператор би се добил откако ќе се спојата ГАМА и НЕР, процес кој се уште не е завршен. Затоа Макептрол побарал да продолжат да работат под стари услови, но позитивен одговор не добиле.

„Макпетрол“ АД Скопје, во согласност со Договорот за интерконекција, побара од државната компанија „ГА-МА“ АД Скопје да обезбеди согласност од „Булгартрансгас“ да продолжи со работа според старите услови, заклучно со 30 септември 2023 година, во кој период би се донеле сите подзаконски акти и сите учесници на пазарот на природен гас би се подготвиле за новиот начин на работа, кој е многу посложен од досегашниот, се наведува во соопштението на компанијата

Од ГАМА за Сител велат дека Регулаторната комисјата за енерегика утре ќе бара решение и надминување на проблемот. На состонок се поканети  сите учесници на пазарот со гас, за да  не се воведеме до ситуација да останеме без гас  во земајава.  Гас во земјават користи индустријата, ТЕ-ТО и топланите, кои ако го снема – ќе се префрлат на дизел. Од ЕСМ  информираат  дека веќе имаат понуди за снабдување со гас од други оператори.

Инаку до сега, Макпетрол го имаше целосно закупено гасоводот од Гаспром. 

По потпишување на договорит во Бугарија се ослободија дополителни количини за диверзификацијата, односно  освен од Гаспром , гас да може да стигнува и од други извори. .