Макрадули: Се проверува отпадот наменет за Усје
Од Министерството за животна средина без конкретен рок кога ќе има информации за мострите земени од РДФ отпадот наменет за центраницата Усје. Инаку вчера на граничниот премин Богородица беа запрени на вонреден инспекциски надзор 11 камиони со ваков отпад кои од Италија, преку Грција требаше да влезат во Македонија. Според заменик министерот за животна средина Јани Макрадули РДФ отпадот бил само околу 5% од вкупниот отпад кој се увезувал во Македонија. Според него потребна била законска измена за поголема контролата на отпадот, но сепак стои на ставот дека со РДФ отпадот се намалувала емисијата на штетни гасови.
„Едно од решенијата е оваа обврска која ја правиме како вонреден инспекциски надзор да ја направиме како редовна, тоа да го предложиме ние во заедничка соработка со граѓанските организациии ако се сложат. И прии секој увоз царината да може да земе примерок и да го прати во акредитирана лабораторија. РДФ е гориво кое е обработено, исцедено, направено и тоа мора некако во системот да влезе. А за да влезе во системот виие мора да имате технологија која чини пари и која виие мора да ја инвестиирате во компанијата. Инаку во термоелектраните каде најмногу се користи во Западна Европа емиисијата на гасови со користењето ана РДФ горивата се намалува за 30-тина проценти“, истакна Јани Макрадули, заменик министер за животна средина.
Според степенот на загадување согорувањето на отпадот се наоѓа на 4-тото место. РДФ отпадот се прави од биоразградливи материјали и се користи како гориво во цементарници или разни топлани. И ЕУ го дозволува овој вид на отпад или гориво. Но иако невладините организации бараат целосно забрана на отпадот за горење во Македонија, Владата не планира такво нешто.
„Вие ако имате некој проблем во државата тоа не значи дека треба законите да ги менувате со забрана, туку напротив градењето на довербата на институциите кон граѓаните се прави со законско регулирање, мониторирање, со дебати, користење на најдобри праксим најдобри технологии и само на тој начин може да продолжииме да се развива нашата држава“, додаде Макрадули.
Невладините организации пак најавуваат протест во петок токму со цел да се донесе закон за ограничување на увозот на овој отпад, особено по скандалот во Бугарија со сомнителен увоз на отпад од Италија.
-
Дарко Штарговски
Сите содржини од овој новинар
