Макрон го повика иранскиот претседател да ги прекине нападите и да започне искрени преговори

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека разговарал со неговиот ирански колега Масуд Пезешкијан, при што го замолил да стави крај на нападите врз земјите во регионот и упатил повик Иран да започне искрени преговори, пренесуваат светските медиуми.
„Повторно ја истакнав апсолутната неопходност да се стави крај на овие неприфатливи напади врз земјите во регионот, да се зачува енергетската и цивилната инфраструктура и да се обнови слободата на пловидба во Ормускиот теснец“, напиша Макрон на социјалната платформа „Икс“.
„Го повикав Иран да се ангажира во искрени преговори за да се отвори патот кон деескалација и да се обезбеди рамка што ќе ги исполни очекувањата на меѓународната заедница во однос на нуклеарната и балистичката програма на Иран и неговите активности за дестабилизација на регионот“ - додава францускиот претседател.
МИА
Ново на Сител
-

Академик Попов со критика кон домашните институции, но и меѓународната заедница
-

Ќе се менува законот за трансплантација за да се спасуваат повеќе животи
-

Владата, Здружението на граѓани „16 март“ и Општина Кочани се подготвуваат за одбележување на годишнината од трагедијата во Пулс
-

Синдикатот му поднесе кривична, Љутков демантира
-

Николоски во работна посета на САД
-

ССМ повикува на протест во сабота
-

ДУИ: Минималната плата да се зголеми за 3.000 денари
-

Комеморација за четирите загинати ученици во штипското средно медицинско училиште во „Пулс“
