Макрон ќе се сретне со Трамп во Белата куќа за разговори за Украина

– Францускиот претседател Емануел Макрон денеска е во Вашингтон за да разговара со американскиот претседател Доналд Трамп за војната на Русија против Украина.
Средбата се одржува на денот на третата годишнина од инвазијата на Русија врз Украина и неколку дена откако Трамп ја обвини Украина за започнување на војната, пренесе ДПА.
Состанокот се одржува и откако Трамп одржа 90-минутен телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин – без учество на Украина или Европа.
Минатата недела Макрон ги повика европските шефови на држави и премиери во Париз на кризни разговори, а потоа телефонски разговараше со Трамп.
Меѓу другото, на средбата станало збор и за прашањето за европски мировни сили по евентуален прекин на огнот.
Се очекува Трамп да се сретне и со британскиот премиер Кир Стармер во Вашингтон во следните неколку дена. Според извештаите на медиумите, Стармер би можел да го претстави концептот за мировни сили.
Ново на Сител
-

Две милијарди евра за реформи во комуналниот сектор
-

Тема на денот со Драган Ковачки, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

МВР: Запленети над 40 тони дрога – акцијата продолжува
-

ВМРО-ДПМНЕ: Заплена во фирмите на кадри од СДС
-

ВМРО-ДПМНЕ со кадровска реконструкција - СДСМ обвинува за концентрација на моќ
-

Влезовите на Собранието ќе бидат блокирани во вторник – ССМ почнува со најавените протести
-

Се продаде прилепски „Еурокомпозит“
-

Шуга кај двајца војници во велешка касарна – надлежните будно ја следат состојбата
