-->
-->
Мало дете почина, шест други се повредени откако автомобил се урна во градинка во Канада
-->
Мало дете почина откако теренец се урна низ прозорец во градинка северно од Торонто, кратко пред времето за преземање вчера.
Регионалната полиција на Јорк соопшти дека детето кое починало имало една година и 5 месеци. Шест други деца, на возраст од 18 месеци до три години, се повредени во несреќата. Едно од нив е во критична состојба.
Полицијата на прес-конференција соопшти дека тројца вработени во градинката во Ричмонд Хил, Онтарио, исто така се повредени.
Властите соопштија дека е уапсен 70-годишен возач. Полицијата не верува дека инцидентот бил намерен.
За време на инцидентот имало 96 деца во зградата.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски: Во културата имаме историски инвестиции
-
Пратениците денеска во надзор во Агенцијата за разузнавање
-
Дали дождот помогна во гаснење на пожарот во депонијата Дрисла?
-
ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со меѓусебни обвинувања за депониите кои го трујат Скопје
-
Од 12-ти октомври почнува воведување на системот за влез и излез од ЕУ, ќе важи и за македонските граѓани
-
Во Кочани над 50 наставници без договор за работа, учениците без настава
-
Недостига стручен кадар во земјава
-
Преглед на вестите од светот