Фудбал
12. October 2026 - 8:21

Манчестер Сити го освои Енфилд и остана со максимален ефект

Дербито на 6.коло на Премиер лигата на Енфилд заврши со победа на гостите Манчестер Сити со 3:0.

Со овој триумф Манчестер Сити е лидер на табелата со максимален ефект – 18 бодови.

По изедначеното прво полувреме, на стартот од вториот дел Ливерпул во 60-тина секунди имаше три удари кон голот на гостите, но немаше промена на резултатот.

Во 62.минута најдобриот играч на Ливерпул до тој момент Рајан Гравенберх доби црвен картон (втор жолт) и комплетно се распадна играта на „црвените“.

Манчестер сити поведе три минути подоцна со голот на Ерлинг Халанд, а на 2:0 зголеми Џереми Доку во 68.минута. Конечните 3:0 ги постави Рајан Черки во 78.минута.

На другите два дуела одиграни од Премиер лигата денеска Кристал Палас – Нотингем Форест 3:1 и Хал – Евертон 2:2.

 

МИА