Маринците пристигнаа во Лос Анџелес, но сè уште немаат наредба да интервенираат
Баталјон маринци веќе е распореден во Лос Анџелес. Командантот на Маринскиот корпус, генерал Ерик Смит изјави дека маринците се подготвени да ги следат наредбите на Северната команда на САД, но оти сè уште не се повикани да интервенираат.
Смит на дебатата за буџетот во Сенатот наведе дека маринците се обучени за контрола на толпата и дека нивната опрема ќе вклучува штитови и палки. Тој нагласи дека тие немаат овластување да вршат апсења и оти во Лос Анџелес се исклучиво за да го заштитат федералниот имот и федералниот персонал.
Портпаролката на Северната команда на САД потврди дека 700 маринците се распоредени во пошироката област на Лос Анџелес.
Во пошироката област на Лос Анџелес распоредени се и приближно 2.100 припадници на Калифорниската Национална гарда. Дополнителни 2.000 припадници на Националната гарда добија дозвола за распоредување, но сè уште не пристигнале во Лос Анџелес.
Американското Министерство за одбрана соопшти дека распоредувањето на Националната гарда и на маринците во Лос Анџелес ќе чини околу 134 милиони долари. Според специјалната помошничка на министерот за одбрана, Брин Мекдонел трошоци се главно поврзани со патувањето, сместувањето и храната.
Ново на Сител
-
Meџити официјално е кандидат за Чаир, од ВРЕДИ ниту денеска не потврдија каде живее
-
Тема на денот со Бујар Османи
-
ВРЕДИ одлучи за првите кандидати
-
Совет за безбедност: Безбедноста е стабилна, пожарите под контрола, остануваме посветени на реформската агенда
-
Што одлучи Советот за безбедност?
-
Трамп ја преполови царината за Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ со свој кандидат за градоначалник и во Кичево - во тимот на Орце Ѓорѓиевски влезе и Ралев
-
10-тина млади лица добија државна субвенција за воздухопловна обука