Маск го критикува шпанскиот премиер за планот за забрана на социјални медиуми на лица под 16 години

Извршниот директор на „Тесла“ и „Х“, Илон Маск, ја критикуваше одлуката на Шпанија да ги забрани социјалните медиуми за лица под 16 години и да ограничи содржини што промовираат омраза.
Маск напиша на „Х“ дека Санчез е „тиранин и предавник на шпанскиот народ“, а подоцна додаде дека е „вистински фашистички тоталитарец“.
Шпанскиот премиер Педро Санчез претходно изјави дека целта е да се заштитат децата од „дигиталниот див запад“ и ја нагласи одговорноста на технолошките компании за штетната содржина, објавува „Гардијан“.
Предложените мерки вклучуваат родителска поддршка за поставување ограничувања, регулирање на штетната содржина и забрана на социјалните медиуми за лица под 16 години.
Слични иницијативи разгледуваат Грција, Франција и Велика Британија, додека Австралија веќе го забрани пристапот до социјалните мрежи за деца под 16 години. Санчез рече дека децата се изложени на ризиците од дигиталната средина и најави координација со други европски земји за спроведување на прекугранични прописи.
Законот ќе се спроведе преку измени на постојниот закон за дигитална заштита на малолетници.
Според анкетата на Ипсос од август 2025 година, 82 проценти од Шпанците ја поддржуваат забраната на социјалните мрежи за деца под 14 години, што е зголемување во однос на 73 проценти во 2024 година.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски за нон-пејперот на Кос: Наше е да работиме за полноправно членство во ЕУ
-

Доколку и во иднина има блокади на балканските транспортерите штета ќе има цел Балкан, но и Европа
-

Раст на индустриското производство во декември
-

Преглед на вестите од светот
-

Кос го подготвува нонпејперот за полесно проширување на ЕУ, во Македонија и регионот нема многу оптимизам дека ќе помогне
-

Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-

Обвинение за 23 полицајци
-

Судијата Садула Изаири е новиот член Судскиот совет
