Маските во Вевчани продефилираа во препознатлив дух
Вевчани сместено под падините на Јабланица наликува на театар без граници под отворено небо. И оваа година најразлични маски танцувајќи во ритамот на зурлите и тапаните инспирирани од годината што измина но и од општествените и политичките случувања во земјава продефилираа на традиционалниот карневал, во фокусот беа Максим Димитриески со неговите обожаватели, Руско-Украинската војна, мигрантите, Трамп, недовербата во судството и многу други.
Градоначалникот на Вевчани, Кочовски истакна дека карневалот и маските не се само за критика, туку право за забава.
Министерот Љутков рече дека нешто што има традиција илјадници години не може да нема посебно значење и место во македонската култура.
Вевчанскиот карневал е еден од најстарите карневали на Балканот, а се одржува на празникот Свети Василиј Велики.
Манифестацијата завршува со традиционалното василичарско оро и палење на маските утревечер во центарот на Вевчани.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
