Матичните лекари повторно на протест
И денеска празни чекални пред амбулантите на матичните. Втор предупредувачки протест на лекарите од примарното здравство. Се примаа само итни пациенти, не се издаваа упати и рецепти. Избраните доктори се револтирани бидејќи иако им било ветено дека ќе се формираат работни групи за решавање на нивните барања, до вчера не добиле никаков одговор од здравствените власти.
- Ние не бараме тие проблеми да се решат преку ноќ туку да почнат да се решаваат. Нашите клучни барања до министерството за здравство се две и тоа пациенти на ПЗУ и покачување на капитациониот бод бидејќи се во државата поскапе. А барањата до Фондот најголемиот дел се во интерес за пациентите, изјави д-р Мевлудин Куч, матичен лекар.
Меѓу барањата до Фондот се поеедноставување на пропишувањето на терапијата за хроничните пациенти, електронско здравство како и укинување на казнената политика.
Заменик министерот за здравство вели дека веќе се формирани поголем дел од работните групи. Неопходни ќе бидат и законски измени. Рендевски уверува дека голем дел од барањата на матичните се изржани и ќе изнајдат решение.
-Голем дел од барањата се издржани и ги уверувам колегите дека ќе се изнајдат решенија со кои ќе бидат задоволни, изјави д-р Владимир Рендевски, заменик министер за здравство.
Во земјава има околу 1400 матични лекари од кои 400-тини едвај опстојуваат поради зголемените трошоци, а намалување на бројот на пациенти во помалите општини.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
