„Matto Napoletano“ во трка за најдобра пицерија во светот – еве како да ја поддржите
Македонија има свој претставник во меѓународниот избор за најдобра пицерија „Best Pizzeria AVPN 2026“, кој го организира италијанската асоцијација „Associazione Verace Pizza Napoletana“ (AVPN). Скопската пицерија „Matto Napoletano“ се најде меѓу учесниците од целиот свет, а граѓаните имаат можност со својот глас да ѝ помогнат да се пласира во следната фаза.
Станува збор за меѓународен избор во кој учествуваат пицерии сертифицирани од AVPN, организација посветена на зачувување на традицијата и автентичниот начин на подготовка на неаполската пица.

Од „Matto Napoletano“ посочуваат дека учеството претставува големо признание, особено бидејќи доаѓаат од Македонија, земја со релативно мал пазар во споредба со многу други држави.
Гласањето започна на 16 ноември и трае до 27 ноември, до 11 часот, а постапката е едноставна.
Како да гласате за македонската пицерија?
-
Посетете го официјалниот профил на „Matto Napoletano“ на социјалните мрежи.
-
Отворете го првиот линк на профилот, кој води до страницата за гласање.
-
Во полето „Plaque number“ внесете го бројот 1234.
-
Пополнете ги бараните лични податоци и завршете го гласањето според упатствата на страницата.
Граѓаните можат да пристапат и директно преку официјалната страница за гласање.
Натпреварот се одвива во две фази. Во првата фаза гласа јавноста, а десетте пицерии со најголема поддршка продолжуваат во следниот круг, во кој одлучуваат професионалци од индустријата.
Трите најдобро пласирани пицерии ќе бидат објавени на 16 декември, додека победникот ќе биде официјално прогласен на меѓународниот саем „Sigep World“ во Римини, Италија, во 2027 година.
Ново на Сител
-

Скок од 16 места на ранг листата за дигитализација на ООН
-

Сиљановска-Давкова: Секој што тврди дека се работи за уставни измени не е искрен
-

Парното поскапува за 7,5%
-

Младите брачни двојки ќе можат полесно да дојдат до сопствен дом
-

20% поевтини производи за студентите корисници на субвенциониран студентски оброк
-

Доделени првите признанија „Монтеко вински витез“
-

Приведен еден од осомничените за нападот врз лекар и сестра од Брза помош Скопје
-

Сопствениците на кравите во Крива Паланка имаат над 100 пријави
