Мбапе за Модриќ: Видов одблизу што значи величина
Како и повеќето негови соиграчи, Килијан Мбапе му оддаде почит и на Лука Модриќ, кој објави дека го напушта Реал Мадрид по 13 години и 28 трофеи со тимот, вклучувајќи 6 титули во Лигата на шампионите.
Последниот натпревар на Хрватот на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ ќе биде против Реал Сосиедад во сабота, и се чини дека ќе биде исклучително емотивен.
-Имав среќа да ја делам соблекувалната со тебе оваа сезона. Видов одблизу што значи величина. Пред да станеш еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, беше прекрасна личност. Ја испишуваше историјата на најдобриот тим во светот повеќе од една деценија и освоив сè. Но, пред сè освои нешто што е бесценето – почитта и восхитот на целиот свет. Ти благодарам за сè, легендо!, напиша , напиша Мбапе на својот Инстаграм профил.
Ново на Сител
-
Се одложи судењето за „Онкологија“, обвинета имала стомачен вирус
-
Жељазков бара извинување од Мицкоски, заострена реторика на односите Скопје - Софија
-
Висок ризик од пожари
-
Платите на административците во независните институции ќе се изедначат со останатите плати во јавниот сектор
-
Камен-темелник на нова фабрика на „Чагатај Кабло“, ќе се отворат 200 нови работни места
-
Стартуваат „Златни денови“ во Кратово
-
Преглед на вестите од светот
-
Се одложи стартот за судењето за Онкологија