Мелиса Прошева ги демантира изјавите на адвокатот Зафировски, тврди дека се обид за спас на обвинетиот

Јавно и најостро ги демантирам изнесените наводи од страна на адвокат Зоран Зафировски од Кочани, бранител на обвинетиот Мазлум Рамаданов во постапката која се води против полициски службеници за предметот “Пулс” под КОК-15/26 на Основен кривичен суд Скопје, а кои наводи се изнесени во изјава дадена за медиумите на ден 15.07.2026 година веднаш по завршување на рочиштето по предметот.
Имено, во изјавата се наведува дека одбраната целосно ме дискредитирала мене како сведок и докажале дека обвинетиот Мазлум заедно со друго лице директно ми помогнале, а потоа и ги известил моите родители за да има каже дека сум вон животна опасност и дека веќе сум во болницата.
Ваквите наводи се невистинити и дадени со цел замајување на јавноста, обид за спас на обвинетиот и за себе промоција на погоре споменатитот адвокат.
На рочиштето бев испрашана само јас и уште еден сведок, а други докази не беа изведувани, па од кој докази нешто одбраната докажала е нејасно бидејќи ниту јас ниту другиот сведок посочи дека обвинетиот Мазлум мене или пак воопшто на бил кој му помагал. Дофрлањето, циничното потсмеање додека го опишував најстрашното нешто што ми се случило во животот и “забелешките” од страна на обвинетиот не се докази во постапката, туку само дополнително укажуваат на неговата апатијата и безчуствителност кон целиот настан, починатите, оштетените и тоа што јас го имам преживеано.
Не е точно и тоа дека обвинетиот наводно ми помогнал со некое друго лице кое обвинетиот го именува како Александар. Дали тоа лице Александар е предложено како сведок од погоре наведениот адвокат на оваа околност? Дали се работи за лицето Александар Лазаров викан Цуна кој стана познат последните денови за македонската јавност како нарко дилерот од Кочани? Дали обвинетиот Мазлум кој во моментот на настано бил инспектори за недозволена трговија со дрога и оружје критичната вечер превземал некакви службени дејствија против ова лице, бидејќи како што кажа на самото рочиште тој бил во диското “за друга работа”? На мене за да излезам од диското ми помогна и ми го спаси животот Лазар Захариев од обезбедувањето, потоа еден човек кој не го познавам додека седев пред дискотеката ја соблече и ми ја даде неговата мајца бидејќи бев гола, а потоа во кола ме качија Ангел Ангелевски и неговиот татко Драги Ангелевски кои ме однесоа во болницата.
Дека се работи за изнесени невистини и паушални наводи може да се утврди и од тоа дека наводно обвинетиот Мазлум на моите родители им кажал дека сум надвор од животна опасност бидејќи тој ниту го кажа тоа во неговата “забелешка” на мојот исказ, ниту пак може да знае кој во каква животна опасност е согласно неговите квалификации, дотолку повеќе што голем број од сега починатите од настанот беа без никакви видливи надворешни повреди и дел од нив како такви излегоа од објектот. Ако некој без коса, со изгорена глава, рамења и прсти, со целосно гол горен дел од телото е надвор од животна опасност и обвинетиот одлучил да не му подаде шише вода кога тоа му е побарано, а притоа му е роднина, уште еднаш го покажува неговото законито, но и човечко постапување во целата ситуација.
Наводите дадени во изјавата од погоре споменатитот адвокат дека резултат на моето сведочење е нарушените меѓусебни односи во целост ги отфрлам како невистинити. Ниту јас, ниту пак моето семејство сме имале нарушени односи со обвинетиот Мазлум или било кој од неговото семејство. Доколку ова е вистина се поставува прашањето зошто таткото и мајката на обвинетиот само неколку дена откако бев пуштена од болничко лекување дојдоа во мојот дом? Кога дојдоа во мојот дом тие наместо да ме прашаат како сум, ми се нафрлија со навреди, притисоци, закани и оправудавања за постапките на нивниот син и дали тоа јас сум очекувала нивнито син да изгоре во пожарот како неговиот колега од Пробиштип за да спасува. Од тој ден па до денес обвинетиот Мазлум и неговото семјесто на сите наши пријатели, роднини и познаници ме клеветат дека наводно јас сум таа која го тужи Мазлум и со тоа пробуваат повторно врз мене да извршат индиректен притисок. Дополнително, доколку нашите односи пред настанот биле навистина нарушени како што тврди погоре споменатитот адвокат, дали тогаш обвинетиот спрема мене постапувал со ниски побуди или од омраза?
Во својата изјава погоре споменатиот адвокат кажува дека намало потреба да ми се поднесува некаква кривична пријава. Незнам за каква кривична пријава станува збор, најверојатно повторно да се замајува јавноста и да ме вознемирува. Мојот исказ е целосно точен и одговара со материјалните докази и вербалните докази, односно изјавите на поголем број сведоци, не само во овој предмет, туки и изјави на сведоци дадени во предметот Пулс кој се води против другите обвините, а тоа е дека полицајците биле во објектот пред настанување на пожарот, а потоа и дел од нив не помагале, во мојот исказ конкретно обвинетиот Мазлум.
До погоре споменатиот адвокат ќе биде поднесено официјално барање за извинување и јавно повлекување на искажаното во неговата изјава, а се разгедува и можноста за поднесување на кривична пријава против родителите на обвинетиот Мазлум за кривично дело “Попречување на правдата” од член 368-а од КЗ за дејствијата превземени од нивна страна во мојот дом во почетокот на месец Април 2025 година.
Ново на Сител
-

Мелиса Прошева ги демантира изјавите на адвокатот Зафировски, тврди дека се обид за спас на обвинетиот
-

Спречена трагедија: Спасени три момчиња кои ги однела реката Треска
-

СП 2026: Можно е одложување на финалето на Мундијалот
-

Втора македонска ракометарка во дресот на Црвена Звезда
-

Одземени шест возила и недвижен имот од Александар Лазаров од Кочани, поради сомнение дека се нелегално стекнати
-

Пожар во парк шумата „Гази Баба“
-

Апелација ги потврди доживотните казни за убиството на Вања и Панче и ја укина ослободителната за Александар Ѓорчевски
-

Стевче Јакимовски доброволно замина во затвор
