Мелони: Правото на протест мора секогаш да биде загарантирано, како и безбедноста на граѓаните

Италијанската премиерка Џорџа Мелони по судирите за време на протестите во неколку градови низ Италија, синоќа објави дека правото на демонстрации секогаш мора да биде загарантирано, но и правото на граѓаните безбедно да живеат во своите градови.
„Мерките усвоени од Советот на министри пред неколку дена исто така се движат во оваа насока, така што државата има поефикасни инструменти за спречување на насилството и спречување на криминалците и злосторниците да претворат цели градови во немири“, наведе Мелони на социјалните мрежи, пренесува италијанската новинска агенција АНСА.
Таа објави дека безбедноста мора да биде загарантирана за сите – оние кои сакаат мирно да протестираат, луѓето кои работат и граѓаните кои сакаат да живеат во своите градови без страв, без оставање простор за оние кои бараат конфликт и насилство.
МИА
Ново на Сител
-

Интензивно се работи на автопатот Охрид-Кичево
-

Преглед на вестите од светот
-

Трајанов: Сега е времето да ги бараме досиејата на УДБА
-

Тема на денот со Павле Трајанов, Национален координатор за спречување насилен екстремизам
-

До 15 години затвор за корупција
-

Мицкоски: Имаме најстабилна Влада во овој дел на Европа
-

Полицијата ќе отстранува потенцијални насилници од сопствениот дом на 48 часа
-

Почна расправата за буџетот: Колку ќе собере, а колку ќе потроши државата догодина?
