Македонија
10. October 2022 - 16:38

Менталното здравје под нов притисок во време на криза

Се повеќе луѓе стануваат анксиозни и депресивни. Дури за 25 проценти е зголемен бројот на случаи со вакви состојби само во првата година од Ковид пандемијата, предупредува Светската здравствена организација. Според психијатрите загрижува што се повеќе млади имаат проблеми со менталното здравје.

-Најстарата популација излезе дека е поотпорна на овие животни предизвици со кои се соочивме изминатиот период. Додека најмладите се воспостави дека се најранливи и тука најмногу се ефектуирани овие промени на менталното здравје, и кон таа возрасна популација да се преземат повеќе чекори, секоја индивидуа лично, но и општеството за подобрување на менталното здравје, изјави д-р Васка Митова, специјалист психијатар.

Според доктор Митова новите предизвици со економската и енергетската криза дополнително ќе се одразат на менталното здравје врз сите.

-Да не преовладува некаков страв, паника. Паниката може само да биде деструктивна. Конструктивно да се подготвиме колку што можеме да дадеме се од себе, да не останеме неподготвени оваа зима, од друга страна да не го преживуваме тој страв  секојдневно и да веруваме во своите капацитети. И самото минато ни кажува дека како човештво многу пати сме биле можеби во потешки предизвици од ова претстојна зима и сме опстоиле и ќе опстоиме повторно, смета психијатарот д-р Васка Митова.