Менувал оценки, бришел испити и запишувал семестри за пари – полициска акција во Штип и Скопје
Полициски службеници од штипската полиција од утрово вршат претреси на повеќе локации во Штип и Скопје поради сомнежи за манипулации со испити, оценки и други административни постапки на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.
Според неофицијалните информации до кои дојде Сител, под сомнение е лице кое било вработено на Универзитетот како раководител на ИТ-секторот.
Постојат сомнежи дека во подолг временски период лицето, за одреден паричен надомест, вршело незаконски интервенции во универзитетскиот систем, меѓу кои внесување бодови од испити, бришење оценки и овозможување запишување семестри на студенти кои не ги исполнувале потребните услови.
Според првичните сознанија, ваквите услуги најчесто им биле нудени на студенти од Турција, кои во значителен број студираат на штипскиот универзитет.
Извори на Сител откриваат дека при претресите во домот на осомничениот била пронајдена голема сума пари.
Засега нема официјална потврда од Министерството за внатрешни работи за случајот, ниту детали за евентуални приведувања. Се очекуваат повеќе информации по завршувањето на полициската акција.
Ново на Сител
-

Дали поддршката на ВРЕДИ за ДУИ во Брвеница ќе донесе предвремени парламентарни избори?
-

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП
-

Тема на денот „Евроинтеграциите и Македонија“ со Бојан Кордалов, Европски центар за извонредност
-

Народна банка: Алта банка продолжува да работи, се бара нов сопственик
-

Интерпелација за Славески и надзорна комисија за работењето на Алта банка
-

Уапсен сопственикот на Алта банка во Србија
-

ДУИ ја слави Брвеница, владејачките партнери си ја префрлаат вината
-

Сиљановска-Давкова со честитка до Јотова: Со добра волја може да ги надминеме предизвиците
