Мерц: Средба меѓу Путин и Зеленски ќе има во следните две недели
Рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе се сретнат во рок од две недели, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц, повикувајќи се на телефонскиот разговор меѓу Путин и американскиот претседател Доналд Трамп, јави ДПА.
„Американскиот претседател разговараше по телефон со рускиот претседател. Тие се согласија дека ќе има средба меѓу рускиот и украинскиот лидер во наредните две недели“, рече Мерц пред новинарите.
Тој додаде дека останува неизвесно дали Путин ќе има храброст да учествува на ваква средба и нагласи дека ќе биде потребно убедување.
Мерц, кој беше дел од европската делегација на разговорите во Вашингтон со Трамп и Зеленски, истакна дека Украина не смее да биде притискана да отстапува територии.
– Барањето на Русија Украина да предаде делови од Донбас е исто како САД да мораат да се откажат од Флорида, порача германскиот канцелар.
МИА
Ново на Сител
-
Во касарната Јане Сандански - Штип презентирани нови 29 лесни оклопни возила - JLTV од САД
-
Охрид и Струга нудат услови за конгресен туризам
-
Преглед на вестите од светот
-
Беснее пожарот на Јасен, регионалниот пат Македонски Брод - Скопје целосно затворен
-
Тема на денот со Никола Најдовски, градоначалник на Демир Хисар
-
Градежните компании ги билдаат цените на становите, а не го плаќаат цел данок
-
Билјана Ивановска влегува во градоначалничката трка во Центар
-
Министерството за правда и ДИК бараат решение за независните кандидати