МФ: Јавниот долг во 2027, во согласност со ревидираните податоци за БДП, нема да го надмине прагот од 60%

Јавниот долг заклучно со третиот квартал годинава, според податоците од Министерството за финансии, изнесува 10 милијарди 930 милиони евра или 56,6 проценти од БДП.
До крајот на годината, во согласност со сегашните проекции, би требало да изнесува 11.250 милиони евра или 58,2 проценти од БДП, а државниот долг да биде 51 процент.
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска уверува дека јавниот долг в година нема да го надмине прагот од 60 проценти од БДП.
Во согласност со ревидираните податоци за БДП, пресметките на Министерството за финансии покажуваат дека јавниот долг в година би изнесувал 12 милијарди 300 милиони евра или изразено во проценти 59,7 проценти од БДП.
Долговите што ги прават општините и јавните претпријатија на локално ниво, според министерката за финансии, не може да бидат јавен долг.
- Зборуваме за децентрализација. Тоа се нивни долгови - децидна е министерката за финансии.
Во однос на средствата што од централниот буџет се слеваат во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување за исплата на пензии, министерката информира дека 42 милијарди денари одат за да се пополни буџетскиот дефицит во ПИОМ.
Од Министерството велат дека е готов и проспектот за граѓанска обврзница, која се очекува да биде издадена во текот на месецот.
МИА
Ново на Сител
-

Мерки на претпазливост за охриѓанецот кој ја претепал Сара до бесвест – мајката тврди дека мислел оти е мртва и сакал да се ослободи од телото
-

Остри партиски реакции по насилството во Охрид
-

Хаџи Василева го презеде Обвинителството, најавува промени и отпор на притисоците
-

Алта банка оди на продажба
-

Филипче: Во буџетот нема пари за повисоки плати, државата должи 713 милиони евра, а милијарди троши за камати
-

Во Собранието денеска продолжи комисиската расправа за Буџетот за 2027 година
-

Мицкоски од Брисел: Сакаме предвидлив пат кон Брисел
-

Гаши најавува опозициски прашања без паузи
