Мицкоски ќе се обрати на настанот „Youth Vision 2030: Western Balkans, Stability & AI in Education“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска ќе се обрати на настанот што под мотото „Youth Vision 2030: Western Balkans, Stability & AI in Education“ се одржува во Скопје.
Повеќе од 70 млади лидери од сестринските партии на Европската народна партија (ЕПП) од цела Европа во наредните денови ќе дискутираат за улогата на технологијата, стабилноста и младинските политики во иднината на западнобалканскиот регион.
Настанот е во организација на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Студентската организација на Европската народна партија (ЕПП) и Фондацијата „Конрад Аденауер“.
- Станува збор за најзначајниот настан во годишната агенда на European Democrat Students (EDS), кој претставува силна потврда за довербата што Европа ја има во нашата работа, велат од Владата.
МИА
Ново на Сител
-

Стан во Аеродром за 166 500 евра, куќа во Центар 1,5 милиони евра - пазарот на недвижности во подем
-

Истрага за злоупотреба на боледувања се води и во МВР - за Тошковски виновни се лекарите
-

Спасен видот кај 16 пациенти со трнасплантација на рожница
-

Голема еколошка акција на Патриотско друштво за пошумување на Ајватовски Рид
-

Божиновска: Денар плус попуст на дизелот
-

Мицкоски: Имаме најевтини горива во регионот
-

Филипче: Мерките не се доволни
-

Славески: Ја држиме инфлацијата под контрола
