Мицкоски: Македонија е кредибилен сојузник во НАТО

Македонија е кредибилен сојузник во НАТО и како држава покажавме дека кога е потребно тука сме да застанеме рамо до рамо со сојузниците, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски.
По отворањето нова трафостаница „ТС Централна“ во Скопје, одговарајќи на новинарско прашање, денеска кога се одбележува шест години од членството во НАТО, за тоа дали Македонија е кредибилен сојузник и покрај големата цена што ја плати, Мицкоски забележа дека од државата сеуште се бара да плаќа цена кога треба да се интегрираме во меѓународни организации.
- Па да, Македонија е кредибилен сојузник и тоа го има покажано и докажано многу пати во минатото и доправа ќе го покажуваме и докажуваме. Мислам дека како земја, покажавме и докажавме дека тогаш кога е потребно, ние сме тука да застанеме рамо до рамо со нашите сојузници во рамките на НАТО Алијансата и ценам дека сме побезбедни, постабилни. Точно е да, вие самите кажавте дека за жал плативме голема цена како ниту една држава, како ниту една нација и за жал се уште се бара од нас да се плаќа цена кога треба да се интегрираме во меѓународни организации, рече Мицкоски.
Според него, факт е дека сме можеби малубројни, но сме ислучително значајни, поготово за овој дел од Европа, па и од светот.
МИА
Ново на Сител
-

Дел од локалитетот „Маркови Kули“ пошумен со 6.000 садници на даб
-

„Зелникот на баба“, вкусот на традицијата по 12-ти пат во Пробиштип
-

Тема на денот со Ѓоко Велковски, заменик министер за социјална политика
-

Честит Рамазан Бајрам
-

Брзата помош бележи намален број интервенции на сообраќајки од почетокот на “Безбеден град”
-

Работете од дома, возете помалку, користете јавен превоз - итни препораки од меѓународната агенција за енергетика
-

САД: Руското влијание на Балканот фактор на нестабилност во регионот
-

Приведен директор на испекторат за земјоделство за примање поткуп
