Македонија
4. January 2026 - 16:42

Мицкоски: На Бугарија и пречи македонскиот јазик во акцискиот план за малцинствата

Акцискиот план за заштита на малцинствата е одбиен од Софија оти бил напишан на македонски јазик..

Ова денеска го откри премиерот Христијан Мицкоски кој во детали објасни како се подготвувал документот кој е дел од Преговарачката рамка.. Уште пред да почне изработката, Мицкоски вели дека ги предупредиле партнерите во Брисел оти и најдобриот Акциски план ќе биде одбиен од Бугарија.. Документот за заштита и унапредување на правата на малцинствата го изработила италијанка, како што вели Мицкоски, врвен експерт.. На барање од Брисел, земјава и предвреме го испратила до Софија, но како што вели Мицкоски, бил одбиен дека е напишан на македонски јазик.. 

„Ако они мислат дека ние ќе го испратиме на друг јазик, ние немаме друг јазик согласно Уставот, а тоа е македонски јазик, а тие уште еднаш покажуваат дека нема врска малцинството или бугари во устав. Има многу подлабоки корења нивните барања и многу подлабоки се проблемите и уште еднаш покажуваат дека нивната намера е сосема поинаква. Жалам што еднаш ја пропуштија шансата да покажат дека се добри соседи. Ниту една земја членка нема против, ниту едно малцинство во Македонија, бидејќи имаше и јавна дебата, јавна расправа немаше против, е проблем било што е на македонски јазик. Тоа е, простете, но, мојот мајчин јазик е македонски“, изјави Христијан Мицкоски, премиер. 

Во меѓувреме, Мицкоски вели дека имало повеќе иницијативи од европските челници за средба со бугарските власти, но тие сите биле одбиени..

„Пораката од Софија беше, ама ние треба заедно да разговараме. Чекајте сега, дајте да се одлучиме. Билатерален ли е проблемот или ние имаме проблем со Брисел? Ако е билатерален, тогаш вие ја потврдувате тезата дека го билатерализирате процесот  на пристапување, дека нема врска Копенхагешки кретириуми, ако е така, да знаеме. Во ред, нели е тоа прекршување на меѓународното право, нели е тоа прекршување на повелбата на Европската унија, нели е тоа прекршување на Лисабонската декларација. Ако е тоа така, тогаш да знаеме“, вели Мицкоски.

Премиерот вели дека во моментов земјава нема никакви контакти со Бугарија, но како што рече, стоиме на располагање било кога и било каде да разговараме и да ги претставиме нашите аргументи..