Македонија
19. December 2025 - 8:53

Мицкоски на промоција на Националната стратегија СМАРТ/МК 2030

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе се обрати на промоција на Националната стратегија за развој на ИКТ СМАРТ/МК 2030, документ усогласен со Европската дигитална декада и Агенда за развој.

Стратегијата се базира на четири столба: ИКТ инфраструктура и поврзливост развој на безбедна, достапна и одржлива дигитална инфраструктура како основа за дигитална трансформација, Дигитални компетенции и инклузивност градење дигитални вештини и обезбедување еднаков пристап до дигитални можности за сите граѓани, Е-владеење и електронски услуги унапредување на јавните услуги, транспарентноста и довербата во институциите преку дигитални решенија и Бизниси, иновации, вештачка интелигенција и нови технологии поттикнување на дигиталната економија, стартап екосистемот и примената на нови технологии.

Како земја кандидат, државава ја прифаќа рамката на Европската дигитална декада, која предвидува четири цели до 2030 година: дигитално обучени граѓани и квалификувани ИКТ експерти, безбедна и поврзана инфраструктура, дигитализирани јавни услуги, дигитално интегрирани бизниси.

МИА