Мицкоски: Најдовме своевиден компромис за Законот за прекршоци, а за техничката влада сме согласни да се укине

Најдовме своевиден компромис за Законот за прекршоци, а за техничката влада генерално сите се согласивме дека треба да замине во минатото, изјави премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по денешната лидерска средба во Клубот на пратениците.
Според Мицкоски, ако нема согласност кај сите парламентарни групи да се прифати предлогот за укинување на пржинската влада, таа да важи и за следните избори, па потоа да се укине.
Но, како што оцени, ќе треба да се направат измени во Законот за влада зашто има промена во ресорите.
-Јавноста денеска беше сведок на еден поинаков пристап - на отворена, конструктивна дебата полна со предлози и идеи. Се отворија многу прашања. Предложив дебатата да продолжи на ниво на пратенички групи зашто ние сме за надминување на проблемите, а не за создавање нови, истакна Мицкоски.
Тој на лидерската средба, што се одржа по негова иницијатива, беше придружуван од координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПНМНЕ, Никола Мицевски. На средбата од коалициските партнери во Владата присуствува генералниот секретар на ЗНАМ и министер за јавна администрација, Горан Минчев, како и градоначалникот на Тетово, Биљал Касами од коалицијата „Вреди“. Од опозициските пратенички групи присутни беа лидерите на Левица и на ДУИ, Димитар Апасиев и Али Ахмети.
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кој го одби повикот на Мицкоски, не дојде на средбата.
МИА
Ново на Сител
-

Четири општини со ново раководство по повторените избори
-

СДСМ алармира за опасно задолжување
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: Освоивме 50 мандати повеќе од СДСМ
-

Камбовски: Оптимист сум за новиот Закон за Судски совет
-

СДСМ: 16 милиони евра од тендери
-

Охридскиот Црвен крст помага на повеќе од 600 семејства
-

Карневалските свечености во Струмица годинава ќе започнат на 18 и ќе траат до 25 февруари
