Мицкоски: Оптимизмот на Ковачевски за уставни измени е политикантство
Уставни измени под бугарски диктат ќе нема, а ќе нема и во иднина доколку нема прогрес во односите со Бугарија, истакна од Штип лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски. Според него, оптимизмот на Ковачевски за двотретинско мнозинство во Парламентот за ова прашање е политиканство.
Тој негов оптимизам е за мене политикантство, бидејќи на тој начин мисли ќе ги држи мобилизирани колку толку оние малкумина кои преостанаа во штабовите на СДСМ, дека еве само што не се случиле тие измени. Поминаа 15 месеци, а ние сме нешто повеќе од 5 месеци пред прочеток на кампања за претседателски избори, ќе видиме како ќе се организираат работите за парламентарни. Но на неколку месеци од кампања, остануваме фокусирани на понудата, на историскиот резултат кој ќе биде надоврзување на оној резултат од локалните избори, изјави Христијан Мицковски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ
Од Ковачевски побара да именува луѓе кои ќе бидат подготвени да разговараат за датумите за одржување на претседателските и парламантарните избори.
Ако се плаши Ковачевски, барем од ова досега што го гледаме е докажан кукавица, бега од избори, бега од дуели, бега од новинарски прашања, континуирано бега од нешто. Ако тој се плаши нека именува луѓе кои се подготвени да седнат со луѓето од ВМРО-ДПМНЕ и да разговараат, бидејќи за неколку месеци од денеска имаме два клучни процеси за иднината на Македонија, а тоа се претседателски и парламентарни избори“, додаде Мицковски.
Мицковски денеска го посети новиот клинички центар во Штип, кој се гради неколку години наназад, а никако да се изгради и вети дека целосното финализирање на проектот ќе биде еден од приоритетите на новата Влада предводена од ВМРО ДПМНЕ.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар