Мицкоски: Починати и иселени лица примале државна помош – откриени над 4.500 фиктивни корисници

Владата информира дека работи и на внатрешни реформи, меѓу кои ја издвои анализата во делот на социјалната политика.
- Дојдовме до едно интересно откритие при анализа на ГМП - корисници на гарантирана минимална помош или социјална сигурност, овој месец фактурата, по спроведена детална анализа, но и проверка на терен, во споредба со истиот месец минатата година е помала за 200 милиони денари. Е, сега, сигурно си го поставувате прашањето „Како е тоа можно?“ Можно е затоа што корисници биле, за жал, починати, отселени, лажни луѓе и така натаму. Значи, ние од буџетот сме трошеле повеќе од милијарда-милијарда и пол фиктивно на корисници за гарантирана минимална помош и социјална сигурност. Уште не сме дошле до другите корисници - истакна Мицкоски посочувајќи дека до сега биле откриени 4,5 илјади лажни корисници на ГМП.
Таа реформа, нагласи, е 25 милиони евра.
- Некој ќе рече: „Добро, па тоа е обична проверка, за каква реформа вие зборувате?“ Реформа која е 25 милиони евра. Ние денеска правиме спектакли за инвестиции многу помали од 25 милиони евра годишно. А ние кога ќе го анализираме ова и кога ќе го ставиме во овој процес, ќе дојдеме до ситуација во која ако овде заштедиме 25 милиони, ако онде заштедиме 25 милиони или на трето место 25 милиони, ете ги реформите, ете ги парите како ние можеме да инвестираме во капитални инвестиции, кои потоа нам ќе ни донесат можности за да привлечеме инвестиции што ќе генерираат поголем профит - рече Мицкоски.
Премиерот во своето обраќање за извештајот за раст и работни места на Светската банка, за кој рече дека е добра основа за понатамошни реформи што Владата треба да ги дозаврши, се осврна на инфраструктурните проекти што се реализираат, како што се експресните патишта, автопатските делници, железничкото поврзување, како и енергетски поставените цели и гасификацијата и оти со нивно завршување значително ќе се зајакне геостратешката положба на земјата.
МИА
Ново на Сител
-

„Подготовка за поширока ЕУ“ – Кос ги претстави петте измени во начинот на одлучување
-

Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник на СДСМ
-

Во Македонија меѓу себе се бараат околу 90 илјади лица
-

Привремено одложена имунизацијата со БСЖ вакцината против туберкулоза поради несакани реакции во Хрватска
-

Остри реакции по најавата на Комората за кратење на празниците - против и МПЦ-ОА
-

Правилникот за боледување усвоен на УО на ФЗО - нема кратење на денови туку промена на медицинските критериуми
-

Мицкоски: Нема зголемување на старосната граница за пензионирање, ниту на придонесите
-

Светска банка ја зголеми прогнозата за растот на македонската економија на 3,2 отсто
