Мицкоски: Со ребаланост во буџетот ќе ги исплатиме наследените долгови во земјоделството

Зголемената финансиска поддршка во земјоделството со ребалансот на Буџетот предвидува директни плаќања наследени од претходната Влада, информира премиерот Христијан Мицкоски.
По извршениот увид во тековните градежни активности на неколку инфраструктурни проекти во Делчево, одговарајќи на новинарски прашања, посочи дека наследиле неисплатени двегодишни програми како директна поддршка за земјоделците, како и неисплатени плати во АД Водостопанство, Национални шуми, долгови, празни акумулации...
- Денес платите се исплатени, тие што заостануваа, и веќе со ребалансот планираме да ги завршиме директните плаќања од 2025-та. Значи, ние плаќавме од 21-ва, 22-ра, 23-та, 24-та како тековна година за заостанати плаќања и сега со овој ребаланс, односно со средствата коишто се предвидени планираме да ја затвориме и 2025-та, а веќе пријавувањето за субвенции за 2026-та е отпочнато, истакна Мицкоски.
Посочи дека се соочувале со предизвик во Агенцијата поради екстерен хакерски напад, но оти и тоа се надминувало.
- Очекувам дека веќе системот од утре-заутре ќе биде повторно во функција за да можеме да продолжиме и со 2026 година. Со други зборови, од двегодишни програми со коишто заостанувавме, сега веќе полека, но сигурно, го фаќаме редот за да бидеме во тек, рече премиерот Мицкоски.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Сашо Клековски, министер за здравство
-

Петмина со западно-нилска треска хоспитализирани на Инфективна – Еден во критична состојба
-

Во Гостивар има ризик од заразна жолтица, најавен е здравствен надзор
-

СДСМ бара кривична одговорност за труењето на граѓаните со загадена вода
-

Од почетокот на енергетската криза бензините поскапеа за 18.5, а дизелот за 27.5 денари
-

Мицкоски за истрагата за унгарскиот заем од Маѓар: Коментарите се дека кредитот бил многу поволен за нас
-

Гаши на потег, ДУИ и Вреди во нов судир за законот за правична застапеност
-

Уапсен 19-годишен Македонец осомничен за обид за убиство во Будва
