Мицкоски: В недела сите масовно да излеземе на гласање, затоа што додека седите дома, други одлучуваат за вашата иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски вечерва од митингот во Македонска Каменица ги повика граѓаните масовно да излезат на гласање в недела, во вториот круг од локалните избори, нагласувајќи дека секој глас е важен и дека останувањето дома значи дозволување некој друг да одлучува за иднината.
Мицкоски истакна дека коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ постигнала историски резултат во првиот изборен круг, освојувајќи мнозинство советнички листи во 58 општини и во Град Скопје – вкупно 59 општини. Според него, веќе се избрани 33 градоначалници, а во вториот круг ќе се натпреваруваат уште 26 кандидати од коалицијата.
-Во две општини противкандидатите веќе се откажаа, што значи дека таму победата е извесна. Од останатите 24 општини очекувам сите наши кандидати да победат и да станат градоначалници. Со тоа, заедно со победата на Орце Ѓорѓиевски во Скопје, ќе ја заокружиме бројката од 60 градоначалници – историски резултат што никогаш досега не бил постигнат во Македонија, изјави Мицкоски.
Тој се заблагодари на сите граѓани кои излегле и гласале во првиот круг и упати апел до сите кои сè уште се двоумат да го искористат своето право на глас в недела.
-Гледаме дека има наши граѓани кои со години не дошле во Македонија, но доаѓаат од западноевропските земји за да гласаат во места како Брвеница и Кичево. Истовремено, има наши сограѓани кои остануваат дома мислејќи дека така ќе испратат порака или револт. Но, со тоа само дозволувате некој друг да одлучува за вашата иднина, порача Мицкоски, додавајќи дека неговата порака е сите масовно да излезат и да гласаат за бројот 9 – кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче, за градоначалник на Македонска Каменица.
Премиерот нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ како партија и коалиција се бори подеднакво за секоја општина и за секој граѓанин, а тоа, како што рече, го покажале и во изминатите 16 месеци од владеењето.
-Ние се бориме за секоја општина, за секој човек и за секој метар квадратен од македонската територија. Тоа го покажавме како Влада и така ќе биде и во овој втор круг. Убеден сум дека в недела заеднички ќе испишеме уште една историја што досега не се случила во Македонија, потенцираше Мицкоски.
Митингот во Македонска Каменица е дел од изборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“.
МИА
Ново на Сител
-

Двегодишно дете од Битола по напад од улични кучиња заврши на интензивна нега на Детска хирургија
-

Полицајците бараат еднаков третман на сите пред законот по заканите со тепање и убиства
-

Премиерот ја потврди продажбата на „Еурокомпозит“ - Ќе продолжи и ќе се прошири производството на воена опрема
-

Долго трае чекањето на лек за ретки болести
-

Две милијарди евра за реформи во комуналниот сектор
-

Тема на денот со Драган Ковачки, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

МВР: Запленети над 40 тони дрога – акцијата продолжува
-

ВМРО-ДПМНЕ: Заплена во фирмите на кадри од СДС
