Мицкоски - Варнс: Заедничка заложба за натамошно јанкење на односите меѓу Македонија и САД

Унапредување на билатералната соработка, заедничките приоритети и можностите за продлабочување на партнерството во области од заемен интерес биле темите за кои разговарале денеска премиерот Христијан Мицкоски и вршителката на должност амбасадор на САД Никол Варнс.
За средбата информира Мицкоски преку својот Фејсбук профил, нагласувајќи дека средбата минала во пријателски дух и заедничка заложба за натамошно јакнење на односите.
- Денес остварив средба со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави, Никол Варнс. Разговаравме за унапредување на билатералната соработка, заедничките приоритети и можностите за продлабочување на партнерството во области од заемен интерес. Средбата помина во дух на пријателство, отворен дијалог и заедничка заложба за понатамошно зајакнување на односите, објави премиерот.
МИА
Ново на Сител
-

Над 200 милиони евра годишно се даваат како државна помош, но не се знае кој добива и за што
-

Прегазени дете и тинејџер во две одделни сообраќајни несреќи
-

Зголемен водостојот на реките, во Кичево се уште се санираат штетите
-

Преглед на вестите од светот
-

Протест на ССМ пред Владата
-

Се санираат штетите во Кичево, 250 лица и натаму се евакуирани
-

Ќе се врши стручна анализа на водоснабдителниот систем во Струга
-

Бизнисот, УГД и општината во заедничка мисија - иновации дома
