Мицкоски во Брисел на средба со Герт Јан Копман, во фокус европската перспектива на Македонија и реформите

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска, во Брисел, оствари средба со Герт Јан Копман, генерален директор на Генералниот директорат за проширување и источно соседство при Европската комисија.
Во фокусот на разговорите, како што напиша Мицкоски во објава на „Фејсбук“, биле европската перспектива на Македонија, напредокот во реформските процеси и следните чекори во пристапувањето кон Европската Унија.

- Нашата определба за членство во Европската Унија е јасна и недвосмислена. Македонија заслужува европска иднина, заснована на принципиелни односи, почитување и заштита на националните интереси, како и доследно спроведување на реформите во интерес на граѓаните, напиша Мицкоски.

Премиерот посочи дека Владата продолжува со активностите за исполнување на реформската агенда и спроведување на политиките насочени кон европска интеграција.
- Продолжуваме со посветена работа, исполнување на реформската агенда, одговорна политика и јасна визија за европска, стабилна и просперитетна Македонија, истакна премиерот Мицкоски.
МИА
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче се сокри на Бихаќка
-

Петрова: Колку што видов никој не и вршел притисок на Михаилова
-

Филипче: Блиску сме до грчко сценарио
-

Новите технологии ја менуваат стоматологијата
-

Нелојалната конкуренција останува сериозен предизвик за агенциите за недвижности
-

Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ
-

Михаилова во тајни снимки тврди дека била уценувана од бугарските служби
-

Случајот Михаилова ја отвори пандорината кутија во Бугарија
