Мицкоски во Виена на средба со австрискиот канцелар Штокер и на бизнис форум

Премиерот Христијан Мицкоски, кој заедно со владина делегација престојува во официјална политичка и економска посета на Австрија, денеска во Виена ќе има средба со австрискиот канцелар Кристијан Штокер на која се очекува да се разговара за продлабочување на билатералната соработка, како и за важни и актуелни прашања поврзани со Европа и регионот.
По средбата, Мицкоски и Штокер ќе се обратат на бизнис форум пред претставници на стопанските здруженија на двете држави на кои ќе се реафирмира одличната економска соработка и ќе се претстават можности за нови инвестиции и продлабочување на соработката меѓу австриските и македонските компании.
Во состав на владината делегација се и вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа.
Премиерот Мицкоски вчера во Виена оствари средба со претставници на македонската дијаспора. Мицкоски, како што објави на својот Фејсбук профил, на средбите повикал „да размислат за враќање, за инвестирање и за активно вклучување во развојот на државата“, посочувајќи дека Владата работи посветено да создаде стабилна и предвидлива бизнис-клима, која ќе ги охрабри таквите чекори.
МИА
Ново на Сител
-

Обвинителството бара притвор за десетмина инволвирани во увозот на нелегални ботокси и филери
-

Тема на денот со Изет Меџити, ВРЕДИ
-

Обвинителството бара притвор за 12 од приведените
-

Преглед на вестите од светот
-

Еден загинат и четворица повредени градежници во Кисела Вода
-

Синдикатот на градежници бара инспекциски надзори пред трагедија, а не откако ќе загине работник
-

Кој се е инволвиран во илегалниот увоз на ботокси и филери?
-

Подготвително рочиште за деветтемина полицајци обвинети за поврзаност со пожарот во „Пулс”
