Мицкоски за изнајмувањето на „Македониум“: Уште денеска ќе побарам разрешување на директорот и на Управниот одбор

Премиерот Христијан Мицкоски уште денеска ќе побара разрешување на директорот на Историскиот музеј во Крушево и на членовите на Управниот одбор на оваа институција, кои дозволиле да се изнајми историскиот споменик „Македониум“ за снимање музички спот.
Одговорајќи на новинарско прашање во врска со овој случај, Мицкоски им се извини на граѓаните за пропустот и рече дека Владата ќе се потруди во иднина такво нешто да не се повтори.
- Ги следев сите реакции. Навистина тоа што се случило таму е нешто што не требало да се случи. Ќе побарам од министерот за култура да биде разрешен директорот на таа институција, заедно со Управниот одбор, зашто таков тип институции не треба да бидат изнајмувани и користени за такви намени. Им се извинувам на граѓаните поради пропустот што е направен и се случил. Ќе се трудиме во иднина такво нешто да не се повтори. Уште денеска ќе побарам да бидат разрешени и директорот и членовите на Управниот одбор, потенцира премиерот Мицкоски кој заедно со министерката за образование и наука Весна Јаневска присуствуваше на пуштањето во употреба на реконструираниот студентски дом „Стив Наумов“ во Скопје.
„Македониумот“, кој е заштитено културно наследство на државата, за сума од 500 евра бил отстапен на продукцијата на косовскиот рапер Дон Џони за снимање на делови од спотот за неговата песна „Секси мама“.
МИА
Ново на Сител
-

Илиески: Се загушува гласот на младите бидејќи политичарите немаат капацитет да одговорат на нивните барања
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Спасе Јанев, директор на Здравствен дом „Железничар“
-

Насилникот нема да смее да се врати дома 48 часа – ако ја прекрши забраната, следува кривична пријава
-

Потребно е поголемо охрабрување на жените од руралните средини да го пријавуваат насилството
-

Мицкоски: Реформската агенда и клучните законски решенија ќе бидат заокружени до декември
-

Охрабрувачки бројки за премиерот, разочарувачки за опозицијата
-

Политичките партии бараат одговорност за Алта банка
