Мицкоски за Усје: Не можеме на никого да му влеземе дома и да му кажеме да ја пресели куќата
Меѓу чеканот и наковалната, додека граѓаните на протести бараат спас од загадувањето, премиерот порача дека државата не е над законот за насилно да дислоцира фабрики.
Не можеме на никого да му влеземе дома и да му кажеме да ја пресели куќата, со оваа метафора Мицкоски ги спушти очекувањата на скопјани дека цементарница УСЈЕ набрзо ќе замине ОД ГРАДСКОТО ЈАДРО. На прашањето дали ќе ја поддржи одлуката на Град Скопје за дислокација на УСЈЕ рече дека Владата не може да ги надминува своите ингеренции порача премиерот.
Директорката на државниот инспекторат ги посочи домаќинствата и сообраќајот како главен извор на аерозагадувањето во Скопје. Гиновска тврди дека УСЈЕ работи согласно законот а ова го темелат на извршените инспекциски надзори кои лани во шест наврати ги направиле и не утврдиле неправилности. Интересно е што согласно законот фабриките во Македонија самостојно треба да вршат мерења и да известуваат за количината на штетни издувни гасови кои ги емитираат.На ова најостро реагираат еко активистите кои тврдат дека таквите мерења се невалидни бидејќи фабриките ги правеле на помалку од 16 часа дневно-10 дена во континиутет како што предвидува законот.
По рекордите кои ги руши главниот град на европско и светско ниво во аерозагадување, граѓаните одржаа протест и побараа дислокација на усје. Советот на Град Скопје ја поддржа иницијативата и донесе одлука за дислоцирање на Титан Усје од градското подрачје.
Дозволата на Титан усје истекува 2027ма но годинава во март мора да ја почнат постапката за барање нова А интегрирана дозвола за да продолжат со работа.
А интегрирана дозвола на фирма може да се одземе по три кривични прекршоци, но со нивна докажана вина на суд. Усје е една од 40-те фирми со А интегрирана дозвола во Скопје, или дел од вкупно 120 во државата, согласно регистарот што го води Управата за животна средина.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
