Македонија
3. January 2026 - 16:43

Мицкоски: Забрзано се спроведува реформската агенда што ја бара Брисел

Реформската агенда од Планот за раст е значително забрзана, а најголем дел од предвидените чекори се веќе реализирани.. Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека Владата завршила 10 од вкупно 12 обврски.. Тој очекува конечната верзија на Изборниот законик да биде готова овој месец, по што ќе почне и постапката за негово донесување.. За да се избегне поскапување на струјата до 70 проценти, Мицкоски вели дека владата свесно одлучила да не го либерализира пазарот на електрична енергија..

„Ако тоа се случи, ценовниот шок за граѓаните ќе биде меѓу  50 и 75 проценти поскапа електрична енергија. Затоа, продолжуваме со политиката на субвенционирање.. Тоа е првиот чекор што го прифатила претходната влада која сега гледате вели се поскапела струјата за 2,26 насто, па критикуваат.. Тие прифатиле да либерализираат, односно да престане субвенционирањето“, вели Христијан Мицкоски, Премиер.

Мицкоски очекува дека во следните три месеци државата ќе ги донесе и преостанатите обврски од Планот за раст чија цел е унапредување на економскиот раст и забрзување на реформите потребни за членство во Европската унија.. 

„Ние домашната задача да ја завршиме. Акцискиот план за малцинства го завршивме согласно препораките од ЕК, нашиот источен сосед пак има некакви забелешки. Никој нема, само тие имаат. Така што, ние сето она кое што е наша домашна задача ќе го завршиме. Ако Европската комисија  одлучи да биде жртва на билатерализација на овие процеси, тоа е нивна работа. Тука, ние не можеме“, вели Мицкоски..

Планот за раст е иницијатива на Европската унија за финансирање на реформите во државата и поддршка на инфраструктурни проекти.. За таа намена, Македонија е предвидено да добие 750 милиони евра..