Милевски: Македонија покажа дека има квалитет да се носи со најдобрите репрезентации

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски е задоволен од изданието на неговите избраници на синоќешниот натпревар со Белгија, но побара максимална концентрација за следниот дуел, со Казахстан на гостински терен.
Македонија покажа дека има квалитет да се носи со најдобрите репрезентации. Со поддршката од публиката успеавме да освоиме бод против првиот фаворит во нашата група. Сепак овој резултат нема ништо да значи ако не го победиме Казахстан в понеделник. Затоа мора да ги заборавиме претходните две кола и да се фокусираме на нашиот следен ривал. Ако играме вака, тимски и пожртвувано, ќе ја оствариме целта, истакна Милевски по ремито (1:1) со Белгија.
Во поредокот во Ј-групата од квалификациите за Светското фудбалско првенство 2026, лидер е Велс со 7 бода (3 натпревари), Македонија има 5 (3), Казахстан собра 3 (2), Белгија 1 (1), Лихтештајн нема освоен бод (3).
Ново на Сител
-

СДСМ: Доаѓаат мигранти
-

Се зајакнува соработката меѓу САД и Македонија
-

Бојкот во Управата за матични книги
-

Реевалуација за повредените во „Пулс“
-

Охрид има капацитет за привлекување туристи во текот на целата година
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

Терористички напад на плажа во Сиднеј
