Минусна утринска температура во Берово и Попова Шапка

Во Берово и Попова Шапка изутринава измерена е температира од - 1 степен Целзиусов, 0 во Крива Паланка, 1 во Mаврови Анови, 2 во Лазарополе и Kрушево, 4 во Виница, 5 во Битола и Претор, 6 во Прилеп и Кавадарци, 7 во Скопје-Зајчев Рид, Струмица, Велес, Штип и Охрид, 8 во Скопје-Петровец, Тетово и Куманово, 9 во Демир Капија и Гевгелија, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
На Попова Шапка има снежна покривка од 66 сантиметри, а таму во изминатите 24 часа наврнале 4 литри дожд. Во Mаврови Анови, 3, Пожаране, 2, Скопје-Зајчев Рид, Струмица и Берово 1 литар дожд.
УХМР за денеска најави променливо облачно, време претпладне со слаб локален дожд. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно. Претпадне во делови од котлината ќе има слаб дожд, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.
МИА
Ново на Сител
-

Министрите за енергија на Г7 отворени за ослободување на резервите на нафта
-

Вешто лице сведочеше за неправилности во препишувањето терапија во случајот Онкологија
-

Пасош за успех: Како Flex Group ги слави своите хероини
-

Трет брод нападнат во Ормуски Теснец
-

Ѓорѓиевски: Скопје памети - 83 години од црниот 11 март
-

Илјадници писатели објавија „празна“ книга во знак на протест против вештачката интелигенција
-

При пожар во куќа пронајдено починато лице
-

Уапсен турски државјанин, пронајдени мигранти во возилото кое го управувал
