Мисајловски: Вие сте клучната алка во системот на одбраната
Денеска во Музејот на македонската борба беше одбележан Денот на воената безбедност и разузнавање. На одбележувањето беа присутни министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и останати генерали и високи претставници од Армијата и Министерството за одбрана.
По повод денешниот ден, министерот Мисајловски се обрати пред присутните и истакна дека поради постојаните промени кои се случуваат на полето на безбедноста, брзиот развој на технологиите и големиот број на хибридни закани од особена важност е да се има силна безбедносно-разузнавачка служба која ќе може да се спротивстави на сите овие влијанија.
– Директоратот за безбедност и разузнавање во одбраната е изграден од врвни професионалци кои секојдневно работат и придонесуваат кон нашата заедничка заложба – безбедна, сигурна, стабилна Македонија. Вие сте клучната алка во системот на одбраната која ја зацврстува безбедноста и сигурноста на нашите граѓани – рече Мисајловски.
На настанот се обрати и Директорот на Директоратот за безбедност и разузнавање во одбраната, полковник Игор Јанкуловски кој им оддаде признание на припадниците на Воената служба за нивната професионалност и посветеност во исполнување на работните обврски за заштита на националните интереси.
– Разузнавањето денес не е само око во темнината – тоа е алатка за проактивно делување, штитот на државната сигурност, стожер на одбраната на суверенитетот и територијалниот интегритет на државата, во ера на комплексни меѓународни предизвици – рече Јанкуловски.
Ново на Сител
-
Мирен марш за поддршка на Епископот Партениј
-
МПЦ-ОА одбележа 1700 години од првиот собор во Никеја
-
Бања од римски период откриена во приватен двор во струмичко Баница
-
Салите во ЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп отворени и оспособени за одржување на настани, актерите бараат нов театар
-
Кинеските инфраструктури и нивното влијание
-
Преглед на вестите од светот
-
Еден пилот и ниту еден ер трактор - како ќе се гаснат летово пожарите?
-
Тема на денот со Арбен Таравари