Млади битолчани фатени при купопродажба на дрога
Двајца млади битолчани биле фатени при купопродажба на дрога, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи.
- Вчера во градот, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи - Битола ги лишиле од слобода М.Д. и В.М., на возраст од 24 и 29 години, двајцата битолчани. Околу 19 часот, тие биле затекнати при купопродажба на дрога, односно во моментот додека В.М. му продавал марихуана на М.Д, што била пронајдена и одземена, појаснуваат од МВР.
Подоцна, со наредба на Основен суд - Битола, бил извршен претрес во домот на В.М., при што биле пронајдени и одземени марихуана, грутчеста материја, банкноти во различни апоени, како и мопед за што постои сомнение дека е предмет на кривично дело.
- По целосно документирање на случајот, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави, истакнуваат од МВР.
Ново на Сител
-
Убиство во психијатриската болница Бардовци
-
Тема на денот со Благојче Атанасоски
-
Матурантите постигнаа подобар успех од лани
-
Детали за акцијата на МВР
-
Сиљановска Давкова: Спортската неписменост и говорот на омраза се срам за сите
-
Беким Сали нов вицепремиер, ако Меџити победи во Чаир
-
Објавен огласот за избор на претседател на Антикорупциска, трае 10 дена
-
Статус Кво ситуацијата со скапо купените акцелератори за зрачна терапија, по една деценија се уште не се во функција