Loading Video...
Бизнис
5. May 2022 - 16:32

ММФ нуди променлива камата, колку поголем долг толку повисока стапка

Историски највисок пораст на каматата, за да се заузда инфлацијата. Федералните резерви на САД  ја зголемија референтната камата за половина процентен поент, што е највисок скок од 2000 та година. Сега, основната камата, која служи како база за одредување на каматите на кредитите  во САД се движи од 0,75 до 1 процент. Целта со ваквиот потег е да се забави потрошувачката, затоа што позјмувањерто пари ќе биде поскапо за граѓаните и компаниите

Потегот на САД се очекува да го следи и Европската Централна банка, по чии камати се одредуваат кредитите на земјите од Европа, вклучувајќи ја и Македонија. Народната банка еднаш интервенираше минатиот месец и ја зголеми базичната  камата за незначителни 0,25 процентни поени. Вчера од Светска банка посочија  дека  најверојатно ќе следи  уште едно зголемување, со оглед на растот на трошоците за живот. 

Додека траат  преговорите со ММФ, од каде се бара кредит, министерот за финансии посочи дека каматата ќе зависи од сумата. За помал кредит каматата ќе биде 1 %, а за највисока 3 отсто. Ова значи ако ММФ ни ја одобрат бараната сума од 900 милиони евра, каматата наместо најавуваните 1 ќе достигне 3 %.