Модуларните болници не биле капацитети во кои можела да се пружа интензивна медицинска нега, тврдеше Чибишев уште во 2021 година

Доктор Андон Чибишев од Клиниката за токсикологија, кој е и поранешен директор на истата Клиника, во 2021 година по пожарот во модуларната болница во Тетово, во едно телевизиско гостување говори дека наместо модуларните болници подобра опција за згрижување на пациентите болни од Ковид биле инфективните одделенија и интернистичките одделенија.
- Ние имаме еден куп нефункционални здравствени објекти или рунинирани оставени на забот на времето които можеа со малку пари и малку организација да се приспособат и да се користат во контекст на ситуацијата во која се наоѓаме. Тоа се објекти направени по сите стандарди, само треба да се приспособат, изјави тогаш доктор Чибишев за емисијата „Што не е јасно“ емитувана на 11 септември 2021 година на телевизија Алфа.
Според Чибишев, модуларните болници не биле капацитети во кои можела да се пружи интензивна медицинска нега. Модуларните болници, како што вели, биле исполнети до последен кревет, а наместа се ставале и повеќе кревети и се сместувале повеќе пациенти отоколку што дозволува просторот.
- Зошто ние, како држава, како здравствен систем, се ослонивме на модуларните болници? Ние имаме одредени капацитети по инфективните одделенија, по интернистичките одделенија, каде што можевме да хоспитализираме вакви пациенти на кои им е потребна интензивна медицинска нега. Повторувам, интензивна медицинска нега, која обично е врзана и со оксигенотерапија или давање на кислород на пациентите. Сметам дека модуларните болници не се капацитети во кои што може да се пружа интензивна медицинска нега, вели Чибишев.
Меѓу брановите, кога имало одредено смирување на епидемиолошката ситуација, според Чибишев, надлежните требало да размислат како да ги зголемат инфраструктурно капацитетите и да го зголемат стручниот кадар, затоа што немало доволно ниту инфектолози и луѓе кои биле оспособени да третираат тешки пациенти поставени на респираторна машина.
- Водењето на пациент на респираторна машина е цела наука. Можевме млади доктори да пуштиме на некој интензивен курс, барем колку толку да ги едуцираме, да ги остручиме да водат пациенти. Со тоа мислам дека ситуацијата ќе беше многу подобра и ќе имавме многу помалку штета и помалку изгубени животи, вели Чибишев.
И адвокатката Лејла Кадриу во неодамнешното гостување на телевизија Алфа, зборувајќи за пожарот во модуларната болница во Тетово, рече дека при изградбата на модуларните болници се штедело на материјали, иако за нив биле обезбедени средства од Светска банка.
Кадриу, која тогаш била викната како јавен обвинител на местото на пожарот, вели дека истражувањето покажало оти при изградбата на модуларните болници биле користени панели со пурпена која чинела пет до шест евра, наместо да се користат панели со камена волна која не гори 40 минути.
- И во случајот со тој пожар, се истражуваше како дошло до него и како е изградена болницата. И се покажа во текот на истражувањето дека, за таа модуларна болница, а и за другите, средствата се обезбедени од Светската банка. Станува збор за 90 милиони евра, од кои 30 милиони за модуларни болници, 60 за лекови и други чуда. А 30 милиони за 10 модуларни болници, направени од рециклирани материјали. Кога се распрашував колку чинат панели со камена волна, која не гори четириесет минути, безбедна е 40 минути, а колку чинат рециклирани панели со овие „пурпен пени“,се покажа дека во тоа време, панелите кои се безбедни 40 минути чинат 17 евра, а овие со „пурпер пена“ не чинат ни 5-6 евра. Па, тие 10 модуларни не можеле да чинат повеќе од, еве да речеме, 300 илјади евра, за сите 10, а потрошени се триесет милиони“, вели Кадриу.
Модуларните болници во земјава беа изградени за време на Ковид кризата со средства од Светска банка. На територија на цела држава беа изградени 19 вакви болници каде беа хоспитализирани пациентите болни од Ковид.
Ноќта на 8 септември 2021 година во модуларната болница во Тетово избувна пожар во кој животот го загубија 14 лица. Тогаш, ова беше една од поголемите трагедии во државава.
МИА
Ново на Сител
-

Кочани е првата општина во државата со бесплатен интернет за сите
-

Синдикалната кошничка во февруари поскапа за 965 денари
-

Преглед на вестите од светот
-

100 дена мандат на градоначалникот на Скопје
-

Тема на денот со Трифун Костовски, бизнисмен и поранешен градоначалник
-

Слаб процент на вакцинација со ХПВ во скопски Центар и Карпош
-

Преглед на вестите од светот
-

Одложено судењето за екс директорот на Комунална хигиена
