МОН: Освен студентските домови, ќе се реконструираат и државните училишта со ресурсни центри

Министерството за образование и наука информира дека годинава, покрај тоа што ќе продолжи реконструкцијата на државните студентски домови, ќе започне и темелна обнова на државните училишта со ресурсни центри кои се столб на инклузивноста на националниот образовен систем.
Како што соопшти денеска МОН, за таа намена, од Германската развојна банка KfW, а со поддршка од Европската унија преку Инвестициската рамка за Западен Балкан, обезбедени се 40 милиони евра. Буџет со кој ќе се реализира втората фаза од процесот на темелна и енергетски ефикасна обнова на преостанатите седум државни студентски домови, со оглед дека домовите „Кузман Јосифовски Питу“ и „Стив Наумов“ се во активна фаза на обнова, а паралелно ќе се реконструираат и објектите на седум државни училишта со ресурсни центри за ученици со посебни образовни потреби.
Дополнително, за покривање на трошоците поврзани со подготовките за реконструкција на ресурсните центри како што се енергетски контроли, детални проекти и тендерирање за енергетски ефикасната реконструкција, преку Програмата за регионална енергетска ефикасност за Западен Балкан поддржана од Европската Унија, обезбеден е неповратен грант од 1,25 милиони евра.
Договорите за користење на средствата ги потпишале министерката за образование и наука Весна Јаневска, министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска и Пабло Алварез Обрадор - директор за енергетика за Југоисточна Европа и Турција во Германската развојна банка KfW, а во присуство на Штефан Худолин - раководител на секторот за соработка при Делегацијата на Европската Унија во Скопје и заменик амбасадорот на Сојузна Република Германија, Јан-Аксел Фос.
- Оваа крупна инвестициска активност е значаен исчекор во унапредувањето условите за живот и учење на младите во Македонија, подинување на инклузивноста, зголемување на енергетската ефикасност на јавните објекти и значително намалување на емисиите на CO₂, информира МОН.
МИА
Ново на Сител
-

Пропадна изборот за член на Антикорупциска, ќе се распишува нов оглас
-

Тема на денот со Миле Цеков, пратеник од ЗНАМ
-

Дизелот поскапува за 3.5 денари, цените на бензините остануваат исти
-

Трамп ги одложи нападите врз иранските електрани на 5 дена
-

ФЗО констатирал злоупотреби кај секое 5-то издадено боледување на вработени во МВР
-

Средба Муцунски - Кос во Брисел, се бара достоинствено решение на спорот со Бугарија
-

Мицкоски потврди - владина реконструкција во мај или јуни
-

Препораките на ОБСЕ/ОДИХР - основа за измена на изборниот законик
