Македонија
17. July 2025 - 11:09

Муцунски во Лондон ќе ја потпише Декларацијата за стратешко партнерство со Обединетото Кралство

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, кој престојува во повеќедневна посета на Лондон, денеска ќе има средба со државниот секретар за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Дејвид Лами.

По средбата, предвидено е да биде потпишана Заедничка декларација за стратешко партнерство помеѓу Република Северна Македонија и Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, соопшти МНРиНД.

Оваа декларација има за цел да ги зајакне стратешките билатерални односи меѓу двете земји, вклучително и соработката во областа на надворешната политика, безбедноста и одбраната, особено во рамките на НАТО, правдата и внатрешните работи, борбата против тешкиот и организираниот криминал, справувањето со корупцијата и незаконските финансиски текови, како и економскиот раст.

Целта на посетата на Муцунски, како што поосчуваат од МНРиНД, е интензивирање на севкупните билатерални односи преку зајакнување на политичкиот дијалог и продлабочување на економската соработка меѓу двете земји.

МИА