Мукаетов: Се надеваме на одлука според важечките спортски правилници на ЕХФ
Сопственикот на компанијата Алкалоид, Живко Мукаетов изрази надеж дека Европската ракометна федерација ќе донесе правилна одлука за неодиграниот натпревар вчеравечер во СЦ „Борис Трајковски“.
Воедно, Мукаетов им се заблагодари на сите кои дојдоа во СЦ „Борис Трајковски“ да го поддржат Алкалоид во реваншот од финалето на Европскиот куп со грчи АЕК.
– Oгромно БЛАГОДАРАМ од срце на сите кои дојдовте во СЦ Борис Трајковски да го бодрите РК Алкалоид кон историскиот успех.
Чесно, праведно, спортски и витешки пристапивме кон ова натпреварување, целосно. И клубот и прекрасната публика синоќа.
РК Алкалоид ги исполни сите барања на надлежните авторитети во поглед на сите организациски аспекти од синоќешниот настан, кој требаше да биде заокружување на една убава приказна во која е вложен многу труд, напор и ресурси.
Се надеваме на одлука според важечките спортски правилници на ЕХФ, стои на Инстаграм профилот на Мукаетов.
Натпреварот Алкалоид – АЕК не се одигра поради одлука на гостите да не излезат на теренот.
На првиот меч во Атина, македонскиот претставник победи со 29:25.
Ново на Сител
-
Музеите на Скопско Кале ќе бидат санирани и отворени за посетители до крајот на годината
-
Преглед на вестите од светот
-
Претседателката на ДКСК Татјана Димитровска поднесе оставка
-
Втор ден потрага по 16 годишното девојче кое исчезна во водите на Вардар
-
Пожарот на планината Серта ставен под контрола, но се уште гори
-
СДСМ: Историска измама на власта, над 318.000 пензионери се оштетени
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги штити градоначалникот тепач на Крива Паланка
-
Комунални екипи на 5 скопски општини го расчистуваат просторот на скопското Кале