Македонија
25. July 2025 - 12:20

Претседателката на ДКСК Татјана Димитровска поднесе оставка

Претседателката на антикорупциската комисија, Татјана Димитровска, поднесе оставка од фунцијата.. Оставката утринава пристигнала во Собранието на адреса на спикерот Африм Гаши.. Во кусото известување, таа не навела причини за оставката.. Се повикала на член од законот за Спречување на корупцијата и судирот на интереси според кој, на претседателот на ДКСК му престанува функцијата пред истек на мандатот ако тој поднесе оставка.. 

Дека Димитровска повеќе нема да ја извршува функцијата претседателка, информираше и кабинетот на собранискиот спикер.. Од таму појаснуваат дека по оставката на Димитровска, Собранието ќе постапи согласно предвидените процедури.. 

Оставката на првата антикорупционерка доаѓа по точно една недела откако Јавното обвинителството објави дека кривично ќе ја гони Димитровска за издавање службена тајна, но и фалсификување на испитот за добивање безбедносен сертификат..

Според обвинението, таа го информирала екс директорот на ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ за постапки кои се водат против него, а подоцна стана и обвинет во слуачјот Адитив.. Сега и таа е обвинета за истиот случај, па според предлогот на обвинителството, предиведно е и Димитровска веќе на следното судење кое е закажано за во септември да седне на обвинителната клупа.. 

Димитровска се најде под истрага откако во телефонот на Стојановиќ биле пронајдени нејзните пораки, а проверките на нејзиниот телефон, откриле и дека наместо таа, тестот за добивање безбедносен сертификат, го полагал вработен во Државниот завод за ревизија каде што претходно работеше Димитровска...