Музеј на лоши подароци отворен во Канада: Лошото за еден-вредно за друг

Во Торонто е отворен несекојдневен музеј посветен на таканаречените „лоши подароци“ – предмети што не им се допаднале на оние кои ги добиле, но наместо да отидат во заборав добиваат нова улога, како музејски изложени предмети. Организаторите ги повикаа граѓаните да донираат подароци што биле непогодени, купени без многу размислување или, како што велат, „навистина ужасни подароци“.
Според музејот, предметите подарени „од обврска, погрешен избор или чиста апатија“ можат да најдат нов дом и да добијат втора шанса. Според организаторите „лошиот подарок за една личност е богатство за друга“ а секој изложен подарок е придружен со кратка приказна зошто бил доживеан како лош подарок.
Меѓу изложените предмети се издвојува античка кукла со ротирачка порцеланска глава и три различни изрази на лицето, опишани како „од морничави до застрашувачки“. Внимание привлекува и тешка скулптура составена од десетици остри школки, која наликува на необично, дамкасто суштество, слично на полжав, а како еден од „најлошите“ подароци е посочен и минијатурен бакарен тиган, чија приказна е поинтересна од самиот предмет- купен како тиган со стандардна големина, а доставен со пречник од само неколку сантиметри.
Дел од изложените предмети се позајмени, а дел донирани. Донираните предмети подоцна ќе бидат понудени на аукција, а средствата ќе бидат наменети за банката за храна „Дневен леб“.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Методи Хаџи-Јанев, воен аналитичар
-

Утре се избираат градоначалници во Гостивар, Маврово-Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа
-

Избега од Македонија 18 годишниот возач кој без возачка, вчера усмрти жена во Капиштец
-

Извештај на ЦУК за поплави и свлечишта во најкритичните места
-

Ризикот од поројните дождови поголем во урбаните средини
-

Штети од поплавите во кочанско
-

Од март стапува на сила поригорозен закон за заштита од пушењето - се забрануваат и електронските цигари
-

Цените на становите уриваат рекорди, ќе има ли стабилизација?
