МВР: Кривична пријава против поранешен градоначалник на општина Чашка за злоупотреба на службената положба и овластувањето

СВР Велес поднесе кривична пријава против едно лице од Чашка за кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето, кој додека бил градоначалник постапил спротивно на Законот за државните службеници и на 10 вработени во Општината им исплаќал парични средства по основ на плата за кариера кај државен службеник, соопшти Министерството за внатрешни работи.
- СВР Велес до Основното јавно обвинителство Велес поднесе кривична пријава против Г. С. (47) од Чашка поради постоење основи за сомнение дека сторил кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето по член 353 од Кривичниот законик. Во периодот од јануари 2021 до декември 2024 година Г. С. во својство на градоначалник на општина Чашка постапил спротивно на Законот за државните службеници и на 10 лица вработени во Општина Чашка во повеќе наврати од буџетската сметка на Општината им исплаќал парични средства по основ на плата за кариера кај државен службеник иако знаел дека тие не ги исполнуваат условите за државен службеник. А на едно лице - спротивно на Законот за работните односи, овозможил да му се исплати бонус плата иако не биле исполнети условите - посочуваат од Министерството.
На тој начин, како што наведуваат од МВР, пријавениот им овозможил на 11-те вработени да стекнат имотна корист и предизвикал штета на буџетот на Општина Чашка во вкупен износ од 725.562 денара. Исто така, како што нагласуваат, за место што според актот за систематизација има предвидено една позиција, Г. С. на еден од вработените му издал решение за работното место иако таа позиција веќе била пополнета.
МИА
Ново на Сител
-

Состанок на раководството на БЕСА
-

Тема на денот со Димитар Богоески, директор на Државниот Архив
-

Стабилизација и годишна инфлација под 3% очекува премиерот
-

Бислимоски поднесе оставка
-

По најавите на Касами за смена на министри, Мицкоски му врати дека тој одучува кој ќе остане во Владата
-

Во Белград приведен Саитов, кој во Капиштец прегази жена и избега од државата
-

Мицкоски: Останаа уште неколку битанги кои ќе се најдат зад решетки
-

Одбраната на Васев го негира вештачењето на словенечкиот онколог
