Бизнис
12. February 2026 - 18:43

Стабилизација и годишна инфлација под 3% очекува премиерот

Позитивни бројки во економијата, очекува премиерот Мицкоски. Годинава инфлацијата ќе се стабилизира и ќе се спушти под 3%. Државата е консолидирана,се водат домаќински политики, кои носат подобар стандард, вели премиерот. Затоа трошоците за живот ќе бележат негативен тренд. 

- „Оваа година очекувам да се стабилизираме под 3 проценти да бидеме со годишната инфлација. Очекувам некој месечен негативен тренд, односно опаѓање споредено со минатата година. Минатата година во јануари имавме кошничка, така што очекувам оваа година да се движиме тука некаде, нешто можеби под или над 3 проценти, со тоа што ќе имаме негативна тенденција на месечно ниво.“, изјави премиерот Мицкоски.

Официјалните бројки за трошоците за живот во јануари државната статистика ќе ги објави утре. Можно е да бидат повисоки, затоа што лани овој месец на сила беше новогодишната кошница, каде дел од производите беа со замрзнати цени и маржи. Но надолен тренд се очекува месеците кои ќе следат.  

Инаку инфлацијата во декември изнесуваше 4,1 отсто, во ноември 4, додека 4,5%  беше измерана во октомври. Пониски трошоци за живот Евростат прогнозира и за Европската Унија.

Јануарката инфлација ќе се спушти  од декемвриските 2,3 на 1,7 отсто.